Search

(Видео) Повеќе од 175 загинати и милион без кров на главата по лизгањето на земјиштето и поплавите во Индија

Поплавите и лизгањето на земјиштето низ јужните и западните индиски држави усмртија речиси 200 луѓе во текот на изминатата недела додека индиската армија ги интензивира своите операции за спасување на илјадниците заглавени, пренесува РТ.

Екстремните временски услови што ги погодија индиските држави Махараштра, Карнатака, Керала и Гуџарат од минатата недела принудија стотици илјади луѓе да побараат привремени засолништа. Поројните дождови влијаеја и на транспортот во регионот, нарушувајќи ги железничкиот и воздушниот сообраќај.

За да се справат со тековната катастрофа, која до неделата однесе најмалку 178 животи, индиските вооружени сили распоредија околу 3.000 војници и единици со различен ангажман, вклучувајќи и хеликоптери, за да помогнат во операциите за спасување од поплавите во четирите погодени држави.

Зголемувањето на водостоите предизвика излевање на сите реки во државата Карнатака. Најмалку 40 лица се загинати во Карнатака, а најмалку 400.000 се раселени.

Во јужната држава Керала, најмалку 67 луѓе загинаа во инциденти поврзани со врнежите, а 227.000 луѓе беа преместени во 1.551 прифатни кампови. Нивото на водата падна во неделата, но властите велат дека е рано да се биде оптимист.

„Треба да бидеме внимателни. Не е лесно да се избега од лизгањето на земјиштето “, рече главниот министер Пинараји Виџајан.

Поплавите ја погодија и државата Махараштра, каде што се пријавени најмалку 40 смртни случаи, додека околу 400.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Во државата Гуџарат, која исто така беше погодена од монсуните и лизгањето на земјиштето, се пријавени уште 31 загинати.

Треба да знаете
Последни објави