Search

(Видео) Победничко враќање на Дончиќ на паркетот

Младиот словенечки интеранционалец кој ги освојува љубителите на кошарката ширу светот со настапите во најсилната НБА-лига, Лука Дончиќ имаше победничко враќање на паркетот по принудната пауза поради повреда. Дончиќ покажа колку е важен за играта на Далас маверикс во дуелот со Сакраменто што неговиот тим го доби со 130:111.

Словенецот постигна 33 поени, имаше 12 скокови и 8 асистенции. Одлична партија прикажа и Кристапс Порзингис со 27 поени и 13 скока.

Дербито помеѓу двете најдобри екипи во Западната конференција му припадна на ЛА Лејкерс кој со 120:116 го совлада Денвер нагетс. Вообичаено најзаслужни за триумфот на Лејкерс беа Леброн Џејмс кој имаше трипл-дабл од 32 поени, 14 асистенции и 12 скока, а Ентони Дејвис натпреварот го заврши со 33 поени и 10 скока. Во редовите на Денвер, Џамал Мареј постигна 33 поени и Никола Јокиќ со 22 поени и 11 скока.

Победничката серија на актуелниот шампион Торонто ја запре Бруклин. По 15 победи во низа  Торонто загуби со 101:91 од Бруклин. Леверт беше одличен со 20 поени и беше најзаслужен за триумфот.

Пораз доживеа и најдобриот тим на Истокот, Милвоки бакс кој играше без Јанис Антетокумпо кој доби поштеда бидејќи стана татко.
Индијана го прифати подарокот и победи со 118:111, а најзабележителен беше Малколм Брогдон со 25 поени.

Резултати:
Кливленд – Атланта 127:105
Орландо – Детроит 116:112
Бруклин – Торонто 101:91
Индијана – Милвоки 118:111
Њујорк – Вашингтон 96:114
Мемфис – Портланд 111:104
Минесота – Шарлот 108:115
Далас – Сакраменто 130:111
Феникс – Голден Стејт 112:106
Јута – Мајами 116:101
Денвер – ЛА лејкерс 116:120

Треба да знаете
Последни објави