Search

(Видео) Победи во маратонски натпревар на „Ролан Гарос“ и заврши во инвалидска количка

Во маратонскиот натпревар од 2. коло на тенискиот гренд-слем „Ролан Гарос“, Холанѓанката Кики Бертенс успеа да ја победи Сара Ерани од Италија во меч кој траеше повеќе од три часа (7:6; 3:6; 9:7).

Откако го прослави победничкиот поен, Бертенс буквално не можеше да оди, па организаторите беа принудени да донесат инвалидска количка. Холандската тенисерка на крајот се движеше со инвалидска количка до соблекувалната, а настана вистинската драма кога физиотерапевт се обиде да и помогне. Бертенс почна да вреска од болка, но набргу се смири. Холаѓанката за време на овој маратонски меч претрпе дури две повреди. Најпрво на нејзините нозе, а потоа и десната рака, а Ерани ја обвини дека лажирала повреда. Кога заврши натпреварот, Италијанката ја опцу Бертенс и се упати кон соблекувалната.

https://twitter.com/i/status/1311295937986220032

Треба да знаете
Последни објави