Search

(Видео) Пијан патник се обиде да киднапира авион

Авион на руската компанија Аерофлот на редовната линија од Сургут во Сибир до Миосква , бил киднапиран од еден од патниците.

Еден од патниците со закана дека е вооружен , побарал авионот да се пренасочи кон Авганистан. Авионот морал принудно да слета во местото Канти- Мансијанск , откако пилотот успеал да го убеди киднаперот дека нема гориво. најверојатно станува збор за пијан и психички пореметен патник , така што по извесно време од слетувањето полицијата успеала да го уапси.

https://youtu.be/QShpoWMTXa4

Се утврдило дека нема оружје. Патникот , кој е идентификуван како 41 – годишен Павел , бил претходно апсен поради пијанство и употреба на наркотици.

Во авионот Боинг 737 имало 69 патници и седуммина членови ан екипажот.

Според руските закони , за киднапирање авион следува затворска казна од осум години или 12 години ако киднаперот бил вооружен или се заканувал со оружје.

Треба да знаете
Последни објави