Search

(Видео) Петкоски: Граѓаните се плашат од криминалците во Прилеп, градот e на рамниште со Дивиот запад

Прилеп стана најнебезбедно место за живот, вчера, сред бел ден, во центарот на градот се случи разбојништво како од филмовите, истакна на денешната прес-конференција Влатко Петкоски, од прилепскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, опишувајќи дека три лица со употреба на пиштол, во строгиот центар извршиле грабеж на огромна количина на злато пред очите на присутните, причинувајќи огромна штета по сопствениците на една од златарите.

Дуќанџиите, истите оние за кои Кирацовски пред некој ден кажа дека биле презадоволни од владеењето на СДС, беа сведоци на овој грозоморен настан, со кој Прилеп се враќа во времето на теророт и хаосот, времето кога СДС беше на власт, а безбедноста беше на најниско ниво. Прилепчани добро паметат како пред нешто повеќе од 10 години, се фрлаа бомби по дворовите на наши сограѓани. Потсетуваме и дека пред само неколку дена, лице со качулка влезе во прилепската пошта и со употреба на бејзбол палка, зеде над 35.000 денари, притоа повредувајќи го еден од вработените во оваа установа. Ова ли е европски Прилеп кој го ветуваше СДСМ во предизборната кампања“, јавно запраша Петкоски на пресот.

Како што рече тој, состојбата на општ хаос дека има лоши кадровски решенија, кои мака мачат да се справат со криминалците во градот.

„Непотизмот кој СДС го практикува со вработуање на роднини и пријатели на високи партиски функционери во институциите вклулително и прилепската полиција, наместо професионалци, вродува со лоши резултати за обичните граѓани“, обвини Петкоски.

Претставникот на опозициската партија неговите обвинувања за криминалот и разбојништвата во Прилеп ги препиша и на тоа што, како што кажа, СДСМ ги ослободила криминалците од затворите во замена за гласови.

„Причинета е огромна штета. И наместо да ја замајуваат јавноста, дека се преземаат некакви мерки, нека го слушнат гласот на народот кој се плаши слободно да прошета на улиците затоа што негрижата од владеачката гарнитура, го доведе Прилеп на исто рамниште со Дивиот запад. Граѓаните со право се плашат за својата безбедност. Стравуваат за сопствените животи, затоа што Прилеп не памети хаос и безредие од вакви размери“, посочи Петкоски.

Тој додаде дека секој изминат ден, носи само црнила и лоши последици по сите и одговорност за состојбите побара од министерот Оливер Спасовски и од кадрите поставени од негова страна.

Треба да знаете
Последни објави