Search

(Видео) Патникот кој на 22 февруари се вратил од Италија нема коронавирус

По извршените анализи утврдено е дека патникот кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари и пријавил дека има покачена температура нема коронавирус, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Пациентот за кој зборувавме утрово има негативни резултати“, соопшти Филипче.

Тој информира дека состојбата на пациентката со коронавирус е стабилна.

Министерот рече дека пред неколку часа возачот на комбето со кое од Италија се превезувала пациентката кај која е утврден коронавируст и кој беше во домашна изолација, добил симптоми на кашлица и сам се јавил кај здравствените служби.

„Тој е спроведен на посебен начин во соба за изолација во болницата во Струмица. Земен е материјал за анализа, а за резултатите од тестот за коронавирус дополнително  ќе информираме“, рече Филипче.

Тој кажа дека возачот откако се вратил во Македонија немал контакти со никого, дури ни со неговото семејство.

Филипче појасни дека засега строгите епидемоилошки критериуми се исполнети само за откажување на Струмичкиот карневал и на карневалот „Прочка“ во Прилеп.

Повтори дека нема простор за паника и дека состојбата будно се прати.

Треба да знаете
Последни објави