Search

(Видео) Патиките на иднината се врзуваат сами и се управуваат со мобилен телефон

Кажете им збогум на врвките за чевли“, ова се зборовите со кои на презентацијата на новите патики на присутните им се обрати Мајкл Донах, директор на „Најки“, задолжен за иновации. Така, овој голем гигант ги претстви на пазарот патиките без врвки, Nike Adapt BB, кои се подобрена верзија на нивните први патики без врвки – Hyperadapt 1.0.

Тие се создадени за кошарка, што може да се види и според додатокот во името BB. Според „Најки“, најважно е што овие патики совршено се приспособуваат на стапалото. За разлика од претходниот модел кој можеше да се контролира со притискање копче што се наоѓа на патиките, на новиот модел силата на врвките се определува исклучиво со апликација, пишува „Бизнис инсајдер“.

Патиките се доволно паметни за да се приспособат на самата нога, а со помош на апликацијата може да се замени и бојата на дното на патиките. Ќе се продаваат од февруари за цена од 350 долари за чифт. Патиките се со безжично полнење, а по три часа полнење, може да се носат две недели без ново полнење.

„Најки“ со ова ги најавува новите технолошки можности на обувките, кои исто така ќе се користат за да се соберат низа податоци за корисниците на обувки, се разбира, ако тие го дозволат. Податоците може да се користат за следење на нивните движења и ефекти, кои би можеле да помогнат во развојот на нови производи и услуги, што сигурно ќе биде поинаку во иднина отколку што го знаеме денес.

Ова е исто така почеток на Adapt-платформата за која се надеваат дека, освен кошаркарските патики, ќе ги опфати и оние за трчање и други.

Треба да знаете
Последни објави