Search

(ВИДЕО) Паркот Ибни Пајко повторно се користи како паркинг, редици автомобили на пешачките зони…

До нашата редакција пристигна видео од денешната состојба во паркот „Ибин Пајко“ во центарот на Скопје. Паркот се наоѓа на левата страна од реката Вардар на влезот на Старата Чаршија, во срцето на некогашното Пајко Маало, во близина на некогашната Ибни Пајкова Џамија.

Овој простор меѓу Даут Пашиниот Амам и зградите на НОБ, Филхармонија и МБУЦ долго време беше запуштен и користен како неуреден паркинг. По неговото уредување, зазеленување, поплочување и местење на урбана опрема, дојде време тој повторно да се користи за паркинг, а доказ за тоа е ова видео во продолжение.

 

https://www.brif.mk/wp-content/uploads/2023/02/ibni.mp4

 

Извор: Бриф

Треба да знаете
Последни објави