Search

(Видео) Паника во Катар, пожар во навивачко село

Во навивачкото село во Катар на Светското првенство во близина на стадионот Лусаил дошло до драматична ситуација кога избувнал пожар, јавуваат медиумите.

Како што пренесува „Дејли мејл“ се подигнал голем густ чад, а се уште не е утврдено како дошло до пожарот.

Медиумите пренесоа дека во навивачкото село „Северен остров Кетаифан“ се запалила зграда, а пожарникарите во моментот го гаснат пожарот.

Пожарот избувнал во навивачкото село наречено „Северниот остров Кетаифан“, додека властите истакнале дека пожарникарите го „контролирале“ пожарот во зградата, а нема повредени. И во Катар се обидоа да ги „разубедат“ навивачите, меѓутоа, видеото на социјалните мрежи покажа дека пожарот е видлив од голема далечина.

Фотографиите кои се појавија, исто така, покажуваат дека во градот Лусаил има шатори кои во најлош случај лесно може да се запалат од огнот.

Треба да знаете
Последни објави