Search

(Видео) Пакистан тестираше балистичка ракета со голем дострел

Пакистанската армија соопшти дека тестирала балистички ракета со голем дострел способна да носи нуклеарна боева глава.

Како што е наведено во изјавата на пакистанската армија, тоа е балистичка ракета „Шахин II”, која има дострел од околу 1.500 километри, јавува АП.

https://twitter.com/PakistanIntell/status/1131455232754495488

Лансираната ракета падна во Арапското Море.

АП забележува дека пакистанската армија го објави ова по завршувањето на општите избори во Индија, со која Пакистан има спор пред сè поради Кашмир.

Треба да знаете
Последни објави