Search

(Видео) Осум дена драма во Шпанија: Спасувачите не можат да го извадат двегодишното дете

Шпанските власти соопштија дека акцијата за спасување на двегодишното дете кое пред осум дена во тесен и длабок бунар во јужниот дел на Шпанија бавно напредува. Акцијата за спасување се одвива под многу тешки околности, соопштија властите. Спасувачките екипи почнаа да копаат тунели за да стигнат до момчето, но овој процес е тежок поради камењата кои се многу тврди, изјави инженер кој ја координира потрагата и спасувачката операција.

Планот е да ископа вертикален 60-метарски тунел за да стигне до местото каде што се верува дека е момчето. Досега, како што објави АП ископани се само 53 метри.

Планот е потоа да се ископа хоризонтален тунел и да се достигне до место каде што, како што се претпоставува, се наоѓа момчето. Медиумите претходно објавија дека бунарот е широк само 25 сантиметри и длабок 100 метри.

Момчето било видено од очевидци како паднало во бунарот и засега според информациите на тамошните медиуминема регистрирани знаци на живот. Пожарникарите, со помош на роботска камера, пронајдоа кесе со бонбони што момчето ги држело в рака пред тој да исчезне, односно да падне во бунарот. Шпанските медиуми објавија дека родителите на малото момче доживеале уште една семејна трагедија во 2017 година, кога нивниот тригодишен син одеднаш починал додека се шетале по плажа во близина на Тоталан.

https://youtu.be/zG6g0RyYNiY

Треба да знаете
Последни објави