Search

(Видео) Оскаровци во филм што предупредува за климатски промени

Режисерот Адам Мекеј собра ѕвездена актерска екипа за да даде духовито предупредување за климатските промени во новиот филм „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up).

Во филмот на „Нетфликс“, оскаровците Џенифер Лоренс и Леонардо ди Каприо глумат двајца астронаути кои започнуваат медиумска турнеја во обид да го предупредат човештвото за приближување на комета што ќе ја уништи планетата.

„Мислам дека големиот трик е во тоа што сакаме да се смеете… Доброто нешто во пробната проекција на филмот беше и десно и лево сите се смееја“, рече режисерот Мекеј на премиерата на филмот во неделата на 6 декември.

Трикратната оскаровка Мерил Стрип, чија првична реакција на ликот што го глуми е да седне и да проценува, рече дека пораката на филмот е едноставна: „Погледнете нагоре… знаеме што доаѓа и знаеме дека можеме да направиме нешто во врска со тоа.“

Во комедијата се гледа како ликовите на Ди Каприо и Лоренс очајно се обидуваат да ја пренесат лошата вест и како започнуваат медиумска кампања.

Во филмот глумат и Кејт Бланшет, Џона Хил, Роб Морган, Тајлер Пери, Марк Рајленс и пејачката Аријана Гранде.

Don’t Look Up, кој ќе има лимитирано издание во киносали, почнува со стриминг на „Нетфликс“ на 24 декември.

Треба да знаете
Последни објави