Search

ВИДЕО: Општина Бутел домаќин на Меѓуопштинска детска олимпијада

Општина Бутел денес е домаќин на  детската меѓуопштинска олимпијада за дечињата од предучилишните установи во скопските општини. Олимпијадата се одржува во спортскиот балон на ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, ( веднаш до градинката ,,11 Октомври,,).Со оваа манифестација се одбележува детската недела и патрониот празник на градинката.

Под мотото ,,НЕКА ПОБЕДИ НАЈВЕСЕЛИОТ,,  се натпреваруваат 300 дечиња од скопските општини: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Детската олимпијада ја отвори градоначалникот Велимир Смелевски.

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави