Search

(Видео) Општа тепачка меѓу ракометарки во Украина

Дербито во украинската женска ракометна лига меѓу второпласираниот Дњепарк Херсон и третопласираниот Реал Николаев  донесе неприатни сцени по кои ќе се памети овој меч. На крајот од средбата на паркетото дојде до општа тепачка, когља при резултат 27:24 беше фаулиран пивотменот на гостинскиот тим кој одговори со удар по што веднаш настана опште мешаница.

Следуваше голема тепачка со многу удари во која учествуваа голем број на ракометарки.

Еден од судиите се обиде прво да го спречи инцидентот, но беше неуспешна, па се повлече, не можеше да поверува што се случува и се фати за глава во еден момент.

https://youtu.be/edjDsscPgUE

Треба да знаете
Последни објави