Search

(ВИДЕО) Огномет и солзавец на втората ноќ судири со полицијата во Париз поради смртта на мотоциклист

Тензиите беа високи на периферијата на Париз втора вечер по ред по смртта на тинејџерот мотоциклист за која бесното локално население ја обвини полицијата. Шест лица се уапсени, а десетици пожари биле запалени на улиците, пренесуваат локалните медиуми.

Групи млади излегоа на улиците на париското предградие Аргентуил во понеделникот во знак на протест поради смртта на Сабри Чуби. Чуби (18) почина откако се судри со бетонски столб во Аргентуил во саботата вечерта. Некои членови на заедницата тврдат дека тој се судрил со полициски автомобил.

https://twitter.com/th1an1/status/1262311707793412096

Семејството на Чуби поднело формална жалба против полицијата, поттикнувајќи истрага за околностите на неговата смрт. Обвинителството во понеделникот објави дека првичните резултати од истрагата укажуваат оти нема докази за судир со полициско возило.

Во локалните медиуми се појавија информации дека Чуби не носел кацига за време на инцидентот. Оттогаш два дена со ред во предградието има протести. Десетици интервентни полицајци беа распоредени во областа во понеделникот вечерта за да го смират бесот кај јавноста.

Париските предградија честопати се сведоци на насилства додека локалното население протестира против наводната  полициска бруталност.

 

Минатиот месец, неколку последователни ноќи имаше протести и судири со полицијата откако 30-годишен мотоциклист беше сериозно повреден во судир со вратата на необележан полициски автомобил. Локалното население тврдеше дека вратата била отворена намерно, но француските медиуми и снимките од надзорните камери ја поддржале верзијата на властите дека нема полициска злоупотреба.

Треба да знаете
Последни објави