Search

(ВИДЕО) Обид за напад над грчкиот претседател Павлопулос

Непознат човек се обиде да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос при одбележувањето на свеченоста  „Денот на независноста“ на Грција.

Претседателот на Републиката, во придружба на претседателот на парламентот, Никос Вуутис, положи венец пред Споменикот на непознатиот војник, по шпто следуваше инцидентот.

Полицијата веднаш реагираше и го уапси напаѓачот. Инаку, претседателот Павлопулос важи за политичар со неутрален став кон Преспанскиот договор.

Потоа Павлопулос ги поздрави присутните претставници на политичкото, верското, судското и военото раководство на земјата.

Треба да знаете
Последни објави