Search

(Видео) Обезбедувањето им ги одзеде палестинските знамиња на претставниците на Исланд

Исландските претставници на Евровизија, групата „Хатари“ можат да бидат казнети бидејќи нивните членови развеаа палестински знамиња за време на финалната вечер.

Член на бендот тајно го снимал обезбедувањето како им ги бара знамињата и видеото го објави на социјалните мрежи.

Со веењето на палестинското знаме тие ги прекршиле правилата на манифестацијата.

За време на прогласувањето на резултатите, групата „Хатари“ го искористи моментот додека беа во крупен кадар, да ги покажат знамињата за поддршка на Палестина, на што публиката реагираше бурно.

Знамето на Палетина се појави и во перформансот на Мадона, овојпат едно до друго до израелското.

Светските медиуми ова го протолкуваа како порака за помирување меѓу Израел и Палестина.

Треба да знаете
Последни објави