Search

(Видео) Норвешка: Мотор на крузер откажа на немирно море, во тек е евакуација на 1.300 патници

Околу 1.300 патници, колку што се наоѓаат на крузер на кој во лоши временски услови му се расипал главниот мотор во билизина на норвешкиот брег, ќе бидат евакуирани, објави норвешката полиција.

Службата за спасување соопшти дека бродот „Вајкинг скај“ плутал кон брегот, откако капетанот упатил сигнал за помош.

https://www.instagram.com/p/BvWunU3h3TI/?utm_source=ig_web_copy_link

Крузерот е во сопственост на компанијата „Вајкин оушн крузес“, дел од групацијата „Вајкинг крузес“ формирана од норвешкиот милијардер, Торштајн Хаген.

Според податоците објавени на веб-страницата на компанијата, капацитетот на бродот изнесува 930 патници.

Хеликоптери и спасувачки бродови се испратени кон крузерот, а сите релевантни служби се на брегот и се подготвени за интервенција, објави полицијата.

Норвешките служби информираат и дека во моментов на отворено море дува силен ветер.

Треба да знаете
Последни објави