Search

(Видео) Новиот филм на Kристофер Нолан бесплатно ќе се емитува во „Фортнaјт“

Британскиот режисер Кристофер Нолан во неделата објави нов трејлер за неговиот следен филм „Тенет“, а трејлерот се емитуваше во склоп на онлајн видео игра на „Фортнајт“.

Целиот филм на Нолан, акциона приказна за меѓународна шпионажа, бесплатно ќе се емитува ова лето во хит-играта „Фортнајт батл ројал“, каде што премиерно се појави и трејлерот.

Домаќинот на Game Awards, Џеф Кигли, се приклучи на објавата и на својот Твитер напиша дека „иконскиот филм на Нолан ќе биде прикажан во мултиплеер онлајн игра Фортнајт батл ројал“.

Кристофер Нолан и „Фортнајт“ можеби на почеток изгледаат како неверојатен тандем, но ова е досега најчудниот премин на Фортнајт.

Британскиот режисер кој зад себе има пет номинации за Оскар, како и досега, филмот го снима според сопствено сценарио.

Студиото „Ворнер Брос“претходно објави дека премиерата на филмот е закажана за 17 јули 2020.
Списанието „Дедлајн“ пренесува проценки на „Ворнер Брос пикчрс“, според кои, ќе треба најмалку 80 проценти од светските киносали да се отворат за филмот за да го задржи датумот на премиерата, што изгледа неверојатно.

Треба да знаете
Последни објави