Search

(Видео) Новиот албум на Канје Вест излегува в петок

Канје Вест го најави излегувањето на долгоочекуваниот албум Donda во најновата реклама на Beats By Dre, во која главна ѕвезда е спринтерката Шакари Ричардсон.

Новиот студиски албум треба да се појави в петок, 23 јули.

Раперот (44) ја потврди веста во најновата реклама на Beats By Dre, во која се појавува американската спринтерка Шакари Ричардсон. Рекламата беше премиерно прикажана во текот на шестиот натпревар од финалето на НБА во вторникот.

Едноминутниот спот, во чија изработка учестуваше и Канје, содржи исечок од неговата најнова песна No Child Left Behind.

Треба да знаете
Последни објави