Search

(Видео) Новиот албум на Дрејк излегува во јануари

Дрејк го прослави својот 34-ти роденден во саботата откривајќи и дека неговиот нов албум Certified Lover Boy излегува на почетокот на следната година.

Пејачот роден во Канада се појави на својот Инстаграм во саботата за да сподели видео за новиот албум, најавувајќи го за јануари 2021 година.

Дрејк првично го откри насловот на албумот во август, кога го исфрли водечкиот сингл Laugh Now, Cry Later со Лил Дарк.

Видеото започнува со мало афроамериканче во светло сина пуфер јакна како гледа кон Месечината.

Дрејк е во ресторан, како размислува над чаша вино. Пејачот има необичен стајлинг на коса – избричено срце над челото.

Треба да знаете
Последни објави