Search

(Видео) Нејмар ќе добие дебела казна поради тепачката во Париз

Натпреварот кој беше одигран синоќа помеѓу ПСЖ и Марсеј беше неверојатен, а заврши со голема тепачка меѓу фудбалерите на теренот, по што беа доделени пет црвени картони.

Најдебелиот крај најверојатно ќе го извлече Нејмар, кој би требало да добие седум натпревари казна затоа што го удри фудбалерот на Марсеј, Алваро Гомез.

Од друга страна, Гомез би можел да добие казна од десет меча поради расистичка навреда кон Бразилецот, доколку се покаже тврдењето на Нејмар како точно.

Конечната одлука се очекува во среда, па останува да видиме какви суспензии ќе добијат фудбалерите.

Треба да знаете
Последни објави