Search

(Видео) Несекојдневно видео се шири од САД: Белците клекнати бараат прошка од Афроамериканците

Од САД, во сред потресните слики од полициско насилство и дивеење на демонстрантите поради убиството на Џорџ Флојд, се појави и видео кое стана вирално, како симбол на спротивноста на хаосот и расните тензии.

На снимката се гледа како бели верници, жители на Хјустон, во сојузната држава Тексас, како клекнати пред своите соседи Афроамериканци молат за прошка.

„Бараме прошка од нашите браќа и сестри Афроамериканци за години и години расизам, системски расизам“ може да се слушне како кажува белец на чело на насобраните, во говорот кој во истовремено е и молитва и молба за прошка.

И додека белците бараат прошка, Афроамериканците стојат и не можат да ги сопрат солзите.

Треба да знаете
Последни објави