Search

(Видео) Неписмен Индиец си го отсече прстот бидејќи погрешно гласал

Индиец тврди дека си го отсекол показалецот откако сфатил дека по грешка гласал за друга политичка партија, пишува Би-би-си.

Паван Кумар во видео кое се прошири на социјалните мрежи изјави дека случајно гласал за владејачката партија Барати Џаната. Тој сакал да го даде својот глас на регионалната партија, но го збуниле бројните симболи на гласачката машина.

На изборите излегол во четвртокот во Буландшар во државата Утар Прадеш.

„Сакав да гласам за слон, но по грешка избрав цвет”, рече Кумар, мислејќи притоа на симболите на партиите во гласачката машина што се прикажуваат веднаш до името на секој кандидат.

Партиските симболи играат голема улога за време на индиските избори бидејќи гласачите од земји каде што во многу области има неписмени граѓани лесно можат да ги препознаат.

Изборите се одржуваат во седум етапи, при што учествуваат 900 милиони гласачи, а гласовите ќе бидат сумирани на 23 мај.

По гласањето, службениците го означуваат показалецот на гласачите со долготрајно мастило.

Треба да знаете
Последни објави