Search

(Видео) Невреме кај Кичево – град ги прекри патиштата, сообраќајот отежнат

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати подрачјето во близина на Кичево.

На патот после Кичево, кога се оди кон Скопје, паѓа крупен град и врне пороен дожд и речиси е невозможно да се вози. Патници кои во моментов се наоѓаат на местото велат дека покрај патот има колона возила кои чекаат да помине невремето за да го продолжат патувањето.

 

 

Попладнево и Струмица беше зафатена од силно невреме. Нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро. Подоцна нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град.

Во вечерните часови сè уште на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во западните делови.

Времето утре претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Фото и Видео: Макфакс

Треба да знаете
Последни објави