Search

(Видео) Невеста позира во венчаница во Бејрут, а потоа одекна експлозија

Невеста од Бејрут позираше за време на нејзината венчавка за да направи фотографии, но во тој момент одекна експлозија од градското пристаниште, а сè е снимено од камера.

Исраа Себлани се наоѓала пред хотелот со сопругот во моментот на експлозијата во која загинаа 135 лица.

Венчавката ја снимал Махмуд Накиб, кој изјави дека на почетокот сè било свечено, но дека силната експлозија сменила сè.

Ударот го срушил Накиб, но неговата камера продолжила да снима и ги забележала хаотичните моменти на трагедијата.

Треба да знаете
Последни објави