Search

(Видео) НБА-шампион крвнички претепа младо момче во Лос Анџелес

Џеј-Ар Смит освојувачот на шампионскиот кошаркарски НБА-прстен во 2016 година со Кливленд е во фокусот на вниманието во САД откако со нога неколкупати го удараше во главата едно момче кое немоќно се бранеше со рацете и лежеше на земја. Смит е во фокусот на вниманието на протестите во САД предизвикани од полициско насилие и убиството на црномурестиот Џорџ Флојд. Се појави видео снимка од Лос Анџелес, како Џеј-Ар Смит претепа младо момче на улица.

Според кошаркарот, причина за ѕверското однесување е фактот што момчето наводно го скршило прозорецот од неговиот автомобил, а тој сакал да се заштити од вандализмот.

Џеј-Ар Смит е снимен како неколку пати го удира момчето во главата, а на крајот неговите пријатели ја спречуваат НБА-ѕвездата да стори можеби и убиство.

Треба да знаете
Последни објави