Search

(Видео) На пропалестински митинзи на БЛМ во САД повикуваат на „смрт за Израел, смрт за Америка“

На пропалестинските митинзи на „Блек лајвс медр“ во Њјорк и во Вашингтон, се слушнаа скандирања кои повикуваат на „Смрт за Израел“, „Смрт за Америка“ и „Од Газа до Минесота, глобализирај ја Интифада!“, пренесува Истражувачкиот институт за блискоусточни медиуми (МЕМРИ)

Неколку стотици демонстранти присуствуваа на демонстрациите на 1 јули во Бруклин, наречени „Ден на бесот“ и организирани да се совпаднат со најраниот датум кога Израел би можел да ги почне своите планови за примена наизраелскиот закон врз делови од Западниот Брег и долината на Јордан.

Говорниците излегоа со потпалувачки повици кои одеа во спектарот од антисемитски и антиамерикански до едноставно апсурдни. Еден активист за Северна Кореја повика на крај на САД и нејзините „марионетски влади“, ослободување на Палестина“ и обединување на двете Кореи.

Имаше повеќе обиди да се поврзе пропалестинската кауза со „Блек лајв медр“.  Деки Киони Садики, сопруга на поранешниот „црн пантер“ Секу Одинга, рече:

„Европските Евреи кои окупираат, колат и продолжуваат да ги носат милиони Палестинци на нивните полиња на смртта, наречени бегалски и концентрациони логори, се роднини на Европејците кои киднапираа, заклаа и принудија милиони Африканци и домородци на ропство.“

Повиците за укинување на полицијата беа проследени со повици да се елиминира ционистичката држава Израел. Говорниците и организаторите јасно ставија до знаење дека не се заинтересирани Израел да постигне мировен договор со Палестинците. Наместо тоа, тие рекоа дека Палестинците ја заслужуваат целата земја.

„Земјата на која постои Израел е сè уште украдена. Териториите од 1948 година се сè уште украдени – aЈафа, Хаифа, Тел Авив беа украдени. Не сакаме само да се вратиме во нашите домови во Газа и на Западниот Брег. Го сакаме сето тоа. Не сакаме лажна палестинска држава што тие ни ја даваат додека Израел сè уште постои “, рече активистот Нердина Кисвани, еден од организаторите.

Еден говорник, познат како Роб, од Партијата за социјализам и ослободување, во говорот на арапски јазик извика: „Смрт за Америка!“ „Смрт за Израел!“ Во меѓувреме, демонстрантите на посебен марш за „Денот на бес“ во Вашингтон извикуваа: „Израел, те познаваме, и ти убиваш деца“.

Еден од организаторите на маршот и студент на Харвард, Кристијан Табаш, прочита песна за наводните злосторства на Израел врз палестинските муслимани, пренесе „Вашингтон егзаминер. Песната, наречена „Г-дин Војна“ – очигледна алузија за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – го содржи стихот „Проколнете ги корумпираните во Сион!“ и го нарече Израел марионетски господар на континентите.

И Табаш неколку пати паузираше во текот на маршот за да ги потсети демонстрантите дека палестинското движење е суштински врзано за „Блек лајвс медр“.

Треба да знаете
Последни објави