Search

(Видео) На Индијка ѝ експлодирала главата за време на операција

Индијка починала во болнички кревет по експлозија во нејзината уста додека ѝ го испирале желудникот. Шила Деви (40) била примена во болница откако испила непознат отров. При зафатот дошло до бурна хемиска реакција, па на жената и „експлодирала главата”, а безбедносната камера го снимила огнот и чадот како се издигнуваат над креветот.

Инцидентот се случил додека со црево го извлекувале отворот од стомакот, а телото е испратено на обдукција.

https://youtu.be/0WCVj_46daM?t=2

– Постојат шанси дека зела таблети со алуминиум- фосфат кои ослободуваат фосфин, алуминиум оксид и други гасови кои се многу запаливи во контакт со желудочна киселина и влажност во воздухот, рекол доктор Заиди, шеф на болницата во Алигари, каде се случил инцидентот.

Тој додава дека такво нешто никогаш не е забележано во историјата на медицината и дека е потребно да се направи истражување.

Треба да знаете
Последни објави