Search

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај Керчскиот теснец

Во пожарот кој зафати два брода кои пловеле под знамето на Танзанија кај Керчскиот теснец, во Црното море, загинаа најмалку 14 лица, а шест лица се водат за исчезнати, соопштија руските власти.

На бродовите имало вкупно 32 лица, сите државјани на Турција или Индија.

Спасувачките тимови успеале да спасат 12 лица. Пожарот избил додека се префрлало гориво од еден траект на друг, наведе руската Федерала агенција за морски и речен сообраќај. Огнот се проширил од едниот на другиот брод, а членовите на екипажот скокале во морето, пренесоа руските агенции.

Руската морнарица се приклучи кон спасувачката операција.

Пожарот избил додека бродовите „Маестро“ и „Кенди“ биле усидрени во близина на Керчскиот теснец што ги поврзува Црното и Азовското море.

Треба да знаете
Последни објави