Search

(Видео) Најмалку тројца загинати во железничката несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз излета од шините во Абердиншир.

Околу 30 возила за брза помош пристигнале на местото на настанот во близина на Стоунхавен.

Се претпоставува дека возот погодил свлечиште по силниот дожд и грмежи што предизвикале поплави низ Шкотска.

Шест лица се однесени во болница, но, како што се наведува нивните повреди не се сериозни.

https://youtu.be/xz_UPMV3XhA?t=25

Треба да знаете
Последни објави