Search

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои во моментов се во болница, има полицаец кој не бил на должност.

Напаѓачот е уапсен и идентификуван како 37-годишен Данец кој живеел во Конгсберг. Полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам.

По нападот, полициската управа им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската управа соопшти дека станува збор за мерка на претпазливост и „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени”.

https://twitter.com/MArizanti/status/1448364524558561287

Овој напад се случува десет години по терористичкиот напад во Норвешка, кога беа убиени 77 луѓе од ултрадесничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик. Тој прво активираше автомобил-бомба во Осло, каде уби осум луѓе, по што на островот Утоја отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организираше младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, главно тинејџери и млади луѓе.

Треба да знаете
Последни објави