Search

(Видео) Најмалку двајца повредени во експлозија на гас во зграда во Хаг

Дел од една станбена зграда се урна попладнево во холандскиот град Хаг, при експлозија нејверојатно предизвикана од истекување на гас, соопшти локалната полиција.

Најмалку две лица се повредени, соопшти портпаролот на локалните власти Јохан Карбол.

Карбол информира дека спасувачките екипи од под урнатините на трикатната зграда извлекле две повредени лица, кои биле пренесени во болница. Според него, акцијата на пребарување на урнатините продолжува, бидејќи не е познато колку лица се наоѓале во зградаата во време на експлозијата.

При експлозијата се оштетени и неколку околни објекти, а делови од зградата се расфрлани и на улицата.

https://www.facebook.com/district8.net/videos/284679688877601/?t=0

Според телевизијата, властите ги евакуирале жителите на зградата, поради опасност од нејзино целосно уривање. На местото на настанот пристигнале припадници на полицијата и противпожарната служба, како и амбулантни возила.

 

Треба да знаете
Последни објави