На интернет се појави снимка на возач кој се обидел да биде лукав и потполно бесплатно да наточи гориво.

Како што се гледа на снимката, мажот седел во автомобилот додека вработениот на бензинската станица го полнел резервоарот. Кога тој завршил, возачот наместо да излезе од автомобилот и да го плати горивото, едноставно ја притиснал педалата за гас.

Вработениот во тој момент покажал брза реакција бидејќи силно го удрил задното стакло на автомобилот, кое се скршило.

Возачот можеби добил бесплатно гориво, но затоа ќе плати многу повеќе за скршеното стакло.