Search

(Видео) НАСА ја пренесува во живо „прошетката“ на две жени во вселената

Џесика Меир и Кристина Коч се две астронаутки кои испишаа историја на крајот на минатата година. Тие ја сочинуваа првата исклучиво женска екипа што „прошета“ во вселената. Денес, по втор пат го прават тоа за да ги променат батериите на соларните колектори на Меѓународната вселенска станица.

НАСА сето тоа го пренесува во живо.

Астронаутките повторно ќе се прошетаат во вселената веќе в понеделник, пренесува „Си-ен-ен“.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави