Search

(Видео) Навивачите очекуваат победа, Виена врие

Македонската ракометна репрезентација почнува да одбројува до почетокот на решавачките 60 минути од групата Б, во Виена, со еден од ко-организаторите на 14. Европско првенство, селекцијата на Австрија (18.15 ч.). Од исходот на овој натпревар зависи дали Македонија ќе има продолжен престој во својот шести настап на континеталните собири, или ќе ги пакува куферите и ќе се враќа назад по само три одиграни меча.

Како и на претходните натпревари, ракометарите ќе имаа силна подршка, но овој пат противник ќе имаат во домашната публика, па на нашите репрезентативци ќе им биде потешко отколку во мечевите со Украина и Чешка.

Сепак, нашите навивачи очекуваат победа.

Треба да знаете
Последни објави