Search

(Видео) Мурињо со Рома испиша историја во Конференциската лига

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома го победи холандскиот Феенорд (1:0) во првото историско финале од новоформираното европско клупско натпреаврување Конференциската лига. На стадионот во Тирана победникот го реши погодокот на Николо Заниоло постигнат во 32 минута од натпреаврот. По водството Рома заигра дисциплинирано и во стилот на тренерот Жозе Мурињо со што беа неутрализирани сите напади на Феенорд.Во второто полувреме за издвојување е неверојатната интервенција на Руи Патрисио во 50. минута.

Мурињо влезе во историјата затоа што освои уште еден европски трофеј, петти во неговото петто појавување во финалињата.Португалскиот стратег успеа да испише историја откако стана првиот тренер кој успеал да ги освои сите титули во клупските натпреварувања на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

За Рома ова е прв освоен трофеј во Европа и прв воопшто освоен трофеј по цели 14 години.

Треба да знаете
Последни објави