Search

(Видео) Мурињо: Најмалку заслуживме да се вратиме непоразени од Торино

Рома од гостувањето во Торино кај Јувентус во рамките на 8. коло од италијанската фудбалска Серија А си замина поразена (1:0) иако не беше во подредена улога, а не искорсити и пенал. Тренерот на „римската волчица“ Жосе Мурињо жали за пропуштените прилики и смета дека неговиот тим заслужил најмалку реми.

-Можам само да кажам дека видов една одлична Рома. Тоа им го кажав е на играчите во соблекувалната, изјави Мурињо.

Дербито на колото во Торино беше решено во 16. минута кога Моис Кин постигна повеќе случаен гол откако ударот на Родриго Бентанкур го погоди во главата и заврши во мрежата.

За Рома пред да биде означен крај на првото полувреме беше досуден пенал, но Жордан Верету само му ја „додаде“ топката на голманот на „старта дама“ Војчех Шченсни, пропуштајќи голема шанса за израмнување.

-Таков е фудбалот. Најмалку заслуживме непоразени да се вратиме од Торино. Пред многу години победив тука без добра игра. Сега загубивме играјќи добро и покажувајќи дека сме на вистинскиот пат.Топката ја вртевме внатрешно, но кога бевме кај нив, кај екипа која се брани одлично со тие двајца професори (се мисли на Кјелини и Бонучи), не е лесно. И натаму чувствувам дека направивме повеќе од доволно за да победиме или да извадиме најмалку нерешено. Им честитам на моите играчи, но резултатот… Ќе опцуев за малку! Но, им честитам, изјави Мурињо во негов стил.

Треба да знаете
Последни објави