Search

(Видео) „Мулан“ го следи „Тенет“ во спас на холивудското лето

Надежите на Холивуд дека ќе ја спаси својата летна сезона веројатно ќе се исполнат откако премиерите на двата големи филма, „Тенет“ на Кристофер Нолан и римејкот на Дизниевиот „Мулан“, беа презакажани за август.

Со новите пријавени случаи на коронавирус во делови од САД, „Дизни“ во петокот по стапките на „Ворнер Брос“, ја одложи премиерата на „Мулан“ кон крајот на август. Филмот, првично планиран да почне да се прикажува во март, беше презакажан за 24 јули, а сега за 21 август.

„Пандемијата ги смени нашите планови за премиерата на ‘Мулан’, а ние ќе продолжиме да бидеме флексибилни како што бараат условите. Ова не го смени нашето верување во моќта на овој филм и неговата порака на надеж и истрајност“, велат копретседавачите на „Дизни“, Алан Хорн и Алан Бергман, во заедничко соопштение.

Во четвртокот, „Ворнер Брос“ исто така го одложи „Тенет“, со Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон во главните улоги, од 31 јули до 12 август. Студиото ја нагласи потребата за флексибилност.

„Одлучивме да го отвориме филмот среде недела за да ѝ овозможиме на публиката да го открие во свое сопствено време и планираме подолг период на прикажување далеку над нормалата со цел да развиеме многу поинаква, но успешна стратегија на пуштање нов филм“, рече портпаролот на „Ворнер Брос“.

Трите најголеми синџири киносали во Северна Америка AMC Theaters, Regal Cinemas and Cinemark поставија распоред за повторно отворање на национално ниво во средината на јули со цел први да ги прикажат филмовите од нивниот каталог, како увод во летната сезона.

Треба да знаете
Последни објави