Search

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви луѓе, кои починале од коронавирус. Пандемијата од коронавирусот ги преоптоварила јавните служби, болниците немаат кревети да ги прифатат пациентите, а мртовечниците, погребалната служба и гробиштата се пребукирани. Жителите велат дека немаат друг избор, освен членовите на своите фамилии, кои починале, да ги остават на улиците.

Нејасно е колку луѓе во Еквадор починале од Ковид-19, пишуваат странските медиуми.

Многу семејства кажуваат дека нивните најблиски имале симптоми на вирус, додека другите само знаат дека болните не можеле да се лечат во преполната болница во Гвајакил.

„Чекавме пет дена“, рече Фернандо Еспана во видеото кое го објави Ројтерс на 30-ти март.

Треба да знаете
Последни објави