Search

(Видео) Морска пена покри делови од Каталонија, а џиновски бранови удираат на Мајорка

Џиновски бранови опфатија цели станбени згради на Мајорка, а делови од Каталонија се прекриени со морска пена додека бурата Глорија го истура својот гнев врз Шпанија, пренесува РТ.

Морска пена, предизвикана од агитација на органска материја во водата, ги поплави улиците на Тоса де Мар во Гирона. Шпанските власти прогласија црвен аларм во неколку провинции поради лошите временски услови.

https://twitter.com/i/status/1219703929509801984

На Балеарските Острови, неколку очевидци не можеле да ѝ одолеат на привлечноста на моќта на природата и ја снимиле застрашувачката бура, некои од безбедноста на своите станови и автомобили, други … не толку многу.

Супермаркетите низ Мајорка имаат резерви на минимум бидејќи немирното море спречува испораки од копно.

Службите за итни случаи реагираа на околу 322 инциденти поврзани со бурата Глорија на Балеарските Острови, почнувајќи од паднати дрвја до свлечишта и поплави, при што налетите на ветрот достигнале и до 84 километри на час. Засега бројот на загинати од бурата Глорија е четири.

Треба да знаете
Последни објави