Search

(Видео) Момче со Даунов синдром го теши врсникот со аутизам

Снимкaта на момче со Даунов синдром коe го теши врсникот со аутизам, стана вирална и ги трогна срцата на многумина.

Моментот кога грижливото момче се обидува да го утеши вознемирениот врсник го забележала учителката во едно училиште во Мексико. Тој ги ставил рацете околу него и му понудил прегратка како утеха.

Емпатијата на момчето со Даунов синдром допре многу срца, особено оние кои се запознале со кое било дете со пречки во развојот.

Снимката собра повеќе од 22 милиони прегледи, а многумина на социјалните мрежи споделија свои искуства на добрина што ги имале кога се дружеле со деца со Даунов синдром.

„Мојот внук има Даунов синдром. Никогаш не сум запознал почувствително суштество. Тие навистина имаат најголеми и најчисти срца“, коментира едно лице

Треба да знаете
Последни објави