Search

(Видео) Момче обвинето за кражба на статуата на Мерилин Монро

Момчето кое беше осудено во 2018 година за кршење на ѕвездата на претседателот Доналд Трамп на Булеварот на славните сега е обвинет за кражба на статуата на Мерилин Монро од споменикот во Холивуд.

Остин Клеј (25) може да биде осуден на три години затвор ако биде прогласен за виновен за кражба и вандализам, наведува окружното обвинителство во Лос Анџелес.

Младиот човек беше идентификуван благодарение на надзорните камери.

Бидејќи беше откриено дека Клеј е на условна слобода поради пресудата за кршење на Трамповата ѕвезда во Холивуд, неговиот стан беше претресен во петокот.

Според локалните медиуми, беа пронајдени докази кои го поврзуваат со кражбата на статуата која претставува култна сцена од филмот „Седум години верност” од 1955 година. Споменикот се наоѓа на почетокот на Булеварот на славните и е посветен на холивудските актерки.

Статуата сè уште не е пронајдена, а полицијата се сомнева дека можеби е оштетена за време на кражбата.

Треба да знаете
Последни објави