Search

(Видео) Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеобраќање на „Фејсбук“ порача дека се потребни предвремени парламентарни избори на кои, како што вели, народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или, пак, за напредна и успешна Република Македонија.

„Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот, ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или, пак, сте за напредна и успешна Република Македонија.
Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија“, вели Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави