Search

(Видео) Мицкоски: Енергијата меѓу граѓаните е огромна, победата е извесна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на отворањето на уште еден штаб на претседателската кандидатка, Гордана Сиљановска Давкова во центарот на Скопје.

Тој истакна дека од неговата партија се премногу задоволни од досегашниот тек на кампањата.

„Граѓаните добро реагираат на сите оние политики кои што ние ги нудиме, сите оние концепти кои што ги презентираме пред граѓаните, сето она кое што професорката Сиљановска го презентира пред граѓаните на граѓанските собири, на оние митинзи кои што ги имаме ширум Македонија. Енергијата е огромна, победата е извесна на 21 април, а потоа следи потврда на истата на 5 мај. Ќе биде една огромна победа за Македонија и прв чекор кон практично демонтирање на целокупниот оној заевизам кој што изминатиот период се инсталираше и се монтираше во Република Македонија“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека граѓаните набрзо ќе добијат претседател, а потоа и влада каква што заслужуваат.

Треба да знаете
Последни објави