Search

(Видео) Мицкоски до младите: Го имате своето знаење, целиот свет и можност да ги менувате работите

Навистина е убав настанот кога гледате млади луѓе со сиот нивен жар, потенцијал и младешка непрекор како имаат волја и желба да зборуваат за работите кои се важни за нашата држава,но и за нашето општество. Во тој контекст еден од најголемите оратори Мартин Лутер Кинг има кажано: “Нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта” порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод Ораторска вечер организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Нашата држава – Република Македонија“.

„Денес овде го гледам токму спротивното, желба да се говори и јасна визија за работите како понатаму. Како млади луѓе многу е важно да имате став за работите, да бидете носители на промените кои сакате да ги видите, затоа што ако вие тоа не го направите, нема кој друг да го направи тоа во ваше име. Еден од најдобрите антички римски оратори Цицерон ќе каже – Да се биде задоволен со тоа што се има е најголемото и најсигурното богатство“, вие имате повеќе од тоа, го имате знаењето, целиот свет пред вас и можност да ги менувате работите. Вашата бунтовност треба да ја насочите кон делотворност, вашата енергија да ја насочите кон тоа да ги менувате работите, а вашата љубов кон нашата земја да креирате општество какво што сакате да видите. Често знам да кажам дека неправдата било каде е закана за правдата секаде, и тоа е верувале или не навистина така. Неправдата било каде е закана за правдата секаде“ рече Мицкоски.

Нагласи дека целосно е свесен за предизвиците со кои се соочува младиот човек, со неправдите на системот, со неразбирањето кое се покажува од власта, со неправдите кои сите ние ги чувствуваме, а највеќе ги чувствувате токму вие.

„Свесен сум за ветувањата кои ги даваше оваа власт а не ги исполни, за пропаднатите надежи и измамените чувства. Со неправдата која притиска и силно не влече надоле како општество. Затоа промените треба да почнат токму од вас, а од кој друг ако не од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата држава се наоѓа пред крстосница и изборите кои следат не се само одлука за претседател на Република Македонија, тие се многу повеќе од тоа, тие се одлука за тоа каква Македонија сакаме, понижена, криминална, ограбена, без вредности и принципи, или праведна, горда, со подадена рака кон оние кои што вредат, и со концепт и визија за иднината. Јас се борам за оваа втората, за втората Македонија, онаа вистинската, онаа која што е нашиот завет, онаа која што не инспирираше да сме токму тоа што сме.

Мартин Лутер Кинг имаше сон, тој можеби не, но сите идни генерации Американци, кои заедно успеваа да го изградат тој сон велеа, и јас имам сон, а не само јас, туку сите заедно можеме да го оствариме тој сон, а тој се вика напредна, честита, принципиелна, искрена Република Македонија, дом за сите, дом во кој младите треба да ги реализираат своите соништа и замисли. Интелегенција и карактер – тоа е целта на вистинското образование кон кое се стремиме и затоа ќе се бориме се додека дишеме“ истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Порача дека ниту нему, ниту на било кој во ВМРО-ДПМНЕ не му треба Унија на млади сили која ќе биде апологет на сениорите. Напротив, рече дека им треба критичка мисла за да им укаже кога грешат.

„За жал во ова време во кое што живееме, оваа наша држава не ни дава шанса на сите нас, ниту на сите вас, да покажете колку вредите. Голем дел од вашата генерација денес ги пакува куферите и ги полниме фабриките, ги полниме државите во Западна Европа, а можеше да биде поинаку. Ајде заедно да го сонуваме сонот за оваа Македонија за која што зборував. Ајде заедно да го сонуваме сонот за честита, искрена, принципиелна и праведна Македонија. Држава која што ќе нуди можност за сите. Ние не треба да се откажуваме и треба да се бориме. Затоа што, запаметете го ова, ова ви го кажувам како постар брат, не како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не победува ниту побројниот, ниту помоќниот, туку обедува мотивираниот и храбриот“ посочи Мицкоски.

Тој додаде дека прво треба да победат на 21-април, а потоа и на 5-ти мај, а потоа, како што рече, убеден е дека ќе победат и на следните предвремени парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави