Search

(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Треба да знаете
Последни објави