Search

(ВИДЕО) Министерката Мизрахи употреби Северна Македонија

ехничката влада денеска ја одржа третата седница со којa претседаваше премиерот Оливер Спасовски. На седницата беа донесени повеќе одлуки, но камерата на „360 Степени“ успеа да регистрира и јавно изговарање на новото уставно име на државата од фунционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што покажува видео-записот подолу, министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, го употребува терминот Влада на Република Северна Македонија, читајќи од текст кој се наоѓа пред неа.

Министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи на владина седница

„360 Степени“ побара коментар од матичната партија на министерката по владината седница. Од ВМРО-ДПМНЕ го побараа и го добија видео-записот од настанот за да можат да дадат официјален став.

„Она што го прави министерката Рашела Мизрахи е цитирање на документ изготвен од службите на Заев. Ставот на Мизрахи е идентичен со оној на ВМРО-ДПМНЕ и непроменет. Договорот со Грција, иако е реалност, тој е штетен и неприфатлив“,

одговорија за „360 степени“ од ВМРО-ДПМНЕ.

„360 степени“ до овој момент не беше во можност да утврди чиј и каков документ чита Мизрахи кога употребува „Влада на Република Северна Македонија“. Неофицијално, од Владата велат дека министерката читала барање за дополнување на дневниот ред на денешната владина седница. Дел од правата на министрите и дополнителните заменици-министри вклучуваат и избор на сопствен кабинет кој им помага во извршувањето на работните задачи.

Постапката на Мизрахи не би била вест доколку не е јавно познат тврдиот став на нејзината матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, противат каква било употреба на придавката северна пред името Македонија. На пример, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, на 16 април 2019 година изјави:

„Нека ми го земат мандатот. Кажувам отворено, никогаш нема да ја кажам придавката на новото име. Никогаш, нека ми го земат и мандатот“,

изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16.4.2019 година.

Извор: 360.мк

Треба да знаете
Последни објави