Search

(Видео) Миле Јовановски по распитот кај Рускоска: Не чувствувам вина, среќна нова ‘49

Миле Јовановски, таткото на Боки 13 по распитот во Обвинителството за организиран криминал рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама. Тој ги поздрави новинарите велејќи им „Среќна нова ‘49“, пренесе А1он.

Неговиот распит кај обвинителката Вилма Русковска траеше еден час. Тој не знаеше дали истрагата е завршена. Јовановски не одговараше на повеќе прашања, велејќи дека ќе даде изјава на прес-конференција која најверојатно ќе ја закаже за наредната недела.

Во Обвинителството исказ за малверзациите со Межународниот Сојуз дава и Боки 13, кој беше донесен одзатворот во Шутка.

Видео, фото– А1он

Треба да знаете
Последни објави