Search

(Видео) Милвоки како гостин го среди Бостон, а Мемфис ја одложи промоцијата на Голден стејт во финалето

Милвоки како гостин го среди Бостон (110:107), а Мемфис ја одложи промоцијата на Голден стејт (134:95) во финалето од западната конференција на кошаркарската НБА-лига.

Џру Холидеј е херојот во синоќешниот триумф на Милвоки против Бостон, но не поради постигнатиот кош во последната секунда, туку поради фантастична дефанзивна реакција со која на својот тим му овозможи да поведе со 3:2 во полуфиналната трка кој прв до четири триумфи на Истокот.

Во Бостон беше одигран неизвесен натпревар. Домаќинот ги контролираше случувањата на паркетот во првите три третини. Тејтум и Браун имаа одлична вечер и го водеа својот тим до плус девет пред последниот квартал, но во клучните моменти поконцентрирани беа гостите од Милвоки, особено Холидеј, кој во последните секунди прво подели „банана“, а потоа украде топка и ја сочува победа на својот тим. Јанис Антетокумпо мечот го заврши со 40 поени, а Холидеј мечот го заврши со 24 поени. Во редовите на Бостон најефикасен беше Тејтум со 34 поени, а Браун заврши со 26 поени.

Мемфис иако настапи без најдобриот поединец Џа Морант, за кого сезоната е завршена поради повреда, сепак, успеа да намали на 2:3 во победи со Голден стејт. Бејн, Џексон и Џонс со по постигнати 21 поен беа најпрецизни кај Мемфис, а Томпсон беше најефикасен во редовите на Голден стејт со 19 поени.

Треба да знаете
Последни објави